Македонската публика ќе го разгази црвениот тепих во Скопје на Оскаровска гала вечер!

by Fokus

Во стилот на најблескавата филмска ноќ, македонската публика која ќе присуствува на второто издание на Оскаровска гала вечер во Скопје, ќе го разгази црвениот тепих пред Македонскиот народен театар на 22-ри февруари.

Лани во националната опера и балет во Скопје, за првпат се одржа манифестацијата Оскаровска гала вечер, а настанот беше исполнет со филмска музика и хитови кои освоиле, или пак биле номинирани за Оскар.

Беа изведени култните песни ,,My Heart Will Go On”, ,,Take My Breath Away”, ,,Purple Rain”, ,,Shallow”, ,,Happy”, ,,Beautiful Maria of My Soul”, ,,Endless Love”, ,,I Have Nothing” и многу други.

Настапија Весна Ѓиновска Илковска, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Даниел Данн, Андријана Јаневска, Денис Димовски, Маја Гроздановска – Панчева, Игор Дурловски и многу други, а водител на настанот беше Миланка Рашиќ. Настанот траеше повеќе од два часа, а публиката ги испрати со бурен аплауз учесниците.

Рашиќ ќе ја води и годинашната манифестација која се одржува една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес. Ќе настапат Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски и други, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости