Македонската полиција уапси поранешен припадник на ОВК, косовското МНР бара негово ослободување

by Fokus

Уапсен е косовски државјанин, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од страна на полицијата на Република Северна Македонија врз основа на потерница издадена од Република Србија, информира косовското министерство за надворешни работи, а пренесуваат тамошните медиуми.

Како што соопшти косовското МНР, станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на ОВК.

Оттаму информираат и дека со случајот е запознаен и амбасадорот на Косово во Р С Македонија, која се залага за брзо ослободување на уапсениот Рамадани.

„Нашиот амбасадот во Северна Македонија, Флориан Ќехаја интензивно се залага за решавање на овој случај. Како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани“, се вели во соопштението од косовското МНР.

 

Поврзани новости