Македонија доби Берза за струја, која од денеска почна со работа. На првиот ден истргувани се 500 мегават часови по просечна цена од 7.125 денари или околу 115 евра за мегават час. Приближно иста со онаа во регионот и Европа, а за околу три евра пониска од цената на Хупекс берзата.
На берзата денеска тргувале 20 трговци со електирчна енергија, а договори со Мемо склучиле 22 компании. Освен домашни има и странски фирми.
За да можат да бидат дел од берзата фирмите треба да платат учество и годишна чланарина. Висината на цената зависи од видот на пакетот кој учесниците ќе го одберат.
Во однос на побарувањата на МЕПСО од трговците со струја, вицепремиерот Фатмир Битиќи тврди дека секој месец се намалуваат и не влијаат на работата на компанијата. Тој исто како и од МЕПСО тврди дека ненаплатените побарувања не се отпишани, иако државните ревизори пред извесно време констатираа дека Управниот одбор на МЕПСО отпишал 14 милиони евра долг од четри тргвци со струја.