Македонска владина делегација во Босна и Херцеговина, ќе го посетат и Ротмиље каде трагично загина претседателот Трајковски

by Fokus

Делегација на Република Македонија предводена од Претседателот на Владата Зоран Заев, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина.

Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев и членовите на делегацијата, Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бектеши Крешник, Министер за економија, Роберт Алаѓозовски, Министер за Култура, Едмонд Адеми, Министер без ресор, задолжен за дијаспората, ќе остварат повеќе одделни и заеднички средби во Советот на министри на Република Босна и Херцеговина, со високи претставници на Претставничкиот дом на Парламентарното Собрание на Република Босна и Херцеговина, со Претседателството на Република Босна и Херцеговина, како и со лидери на одделни политички партии.

Македонската делегација ќе го посети спомен обележјето во Ротимље, во чија близина трагично го загуби животот Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и членовите на неговата придружба.

 

 

Поврзани новости