Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се обрати на Македонската вечер која се одржува во рамки на Саемот за вино, храна и туризам, како дел од Отворен Балкан.
Ковачевски се заблагодари за присуството на сите гости и за можноста да се организира ваква вечер во Белград потенцирајќи дека ова е единствена иницијатива која што е автохтона и оригинална.
-Кога ќе погледнам колку гости има секогаш и колку треба да ја кратиме листата на самити кога одиме, тоа е затоа зошто луѓето сакаат, и директорите и политичарите, и сите да одат на состаноците на Open Balkan, затоа зашто ги сметаат за свои, рече меѓу другото премиерот Ковачевски.
Тој додаде дека слоганот на нашиот настап на овој саем е „Вкуси го животот“.
-Затоа ве повикувам сите и во овие преостанати два дена на белградското сајмиште да вкусите македонски вина, да вкусите македонска храна, да вкусите македонска музика и на крајот кога тоа ќе ви се допадне да дојдете во Северна Македонија и да вкусите една прекрасна македонска авантура, ви посакувам убава вечер и ви благодарам уште еднаш, рече премиерот Ковачевски на македонската вечер во Белград.