Македонска цистерна со течен гас се преврте кај Врање

by fokus

Цистерна со македонски регистарски таблички удрила во заштитна ограда и се превртела на автопатот во близина на Врање, Србија.

Како што известуваат српските медуми, за среќа нема повредени.

На терен излегла екипа на противпожарните служби од Врање, бидејќи цистерната е полна со течен гас. За сега не е евидентирано излевање.

Поврзани новости