Викендов во East Gate се одржа промоција на три познати брендови за накит: Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni, како ново поглавје на италијанскиот брен Rebecca, а настанот привлече голем број на јавни личности, како од модната индустрија, така и од бизнис секторот.
Бренд амбасадори на квалитетниот италијански накит, изработен според специјални техники се поп пејачката Викторија Лоба, младата Кики Муакетова и стилистот Сергеј Варошлија.
Колекциите кои ги носат Пинк, Ријана, Бијонсе, Ева Мендез и голем број на светски популарни личности, на македонскиот пазар се присутни од 2018 година.
Mакедонската стилска приказна која веќе шеста година се раскажува низ модниот симболизам на италијанскиот бренд Rebecca, доби ново поглавје. Италијанското бренд-портфолио е збогатено со уште три познати брендови за накит: Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni. Секој бренд засебно, е автентична приказна со италијански наратив, совршена за креирање нови авантури и трендовски доживувања. Новите парчиња накит се веќе достапни во продажниот салон во East Gate.
RUE DES MILLE брендот е основан во април 2013 година од страна на семејството Пиерони, поточно двајца браќа и сестра, кои со помош на нивната мајка и вујко (кои имале претходно искуство со накит) го претвораат својот сон во реалност. Адресата на која започнала приказната за 100% prêt-à-porter накит, комплетно изработен во Италија, е улицата “Via dei Mille” а финалното име морало да содржи и ‘Р’ во чест на нивниот починат татко Роберто, па оттука брендот е именуван Rue des Mille.
Сите колекции на Rue des Mille раскажуваат своевидни приказни: фантазии кои се трансформирани во елегантни, уникатни, интересни и еклектички аксесоари. Секое парче накит е изработено од чисто сребро 925 со премаз од родиум или со позлата од 18 каратно злато во жолта или розе нијанса; Во мал дел од асортиманот се достапни и производи од чисто 18-каратно злато (најчесто во комбинација со лабораториски дијаманти или циркони); Како додатоци се користат природни камења, кристали и циркони; Секое парче од Rue des Mille накитот кое е боено, е емајлирано со премаз кој рачно се нанесува; Производите не содржат никел.
Денес Rue des Mille е еден од водечките брендови за накит во Италија, благодарение на иновациите и ентузијазмот на трендсетерите и јавните личности кои го носеле накитот во Италија, меѓу кои: Кјара Ферањи и нејзините сестри Валентина и Франческа, Аличе Кампело, актерката Сесилија Родригез, познати италијански пејачи и пејачки. Rue des Mille исто така е партнер на италијанското издание на магазинот Cosmopolitan за големи глобални настани, како Венецијанскиот филмски фестивал и Санремо фестивалот.
Валентина Ферањи е италијанска блогерка и инфлуенсерка, која својата страст за мода ја преточува низ сопствен бренд за накит, лансиран во септември 2020 година. Приказната започнува со иконичната обетка UALI која всушност е нејзин иницијал V достапна во мноштво бои.
Обетките, кои се апсолутен хит, се комбинираат на неколку начини, а водечките магазини во Италија, како Cosmopolitan, Grazia, Gioia, Vogue, Elle, Vanity Fair во чекор ја следат секоја креација на Валентина, која брендот го збогатува и со ланчиња и алки. Секое парче накит на Валентина Ферањи е изработено од фини материјали како сребро 925, со позлата од 24 каратно жолто злато или платина, а процесите на фина доработка, емајлирање или поставување циркони, се целосно рачно изработени од врвни италијански јувелири. Занаетчиската експертиза на италијанското производство на накит е во сржта на секоја креација на Валентина Ферањи.
Сите фази на изработка на накитот се спроведени рачно (леење на восочни калапи кои не содржат пластика, топење на сребрена легура на 1.033 степени, строго контролирана позлата, финиширање, поставување циркони и емајлирање); Во една серија, може да се произведат само 140 парчиња обетки; Позлата од 24 каратно жолто злато или платина; Цирконите и премазот се нанесуваат рачно; Производите не содржат никел.
Брендот Rosato е основан во 2004 година од Симона Росато, а од 2011 година го превзема компанијата Brosway семејна компанија од Марке, Централна Италија. Rosato е бренд за жени, создаден од жени. Дизајниран во Италија, Rosato во својата селектива има бевременски, трендовски и моќни парчиња накит. Модели на Росато низ годините биле и актерките Деми Мур и Елизабет Харли, а во моментов заштитно лице на брендот е актерката Сесилија Родригез.
Сите производи на Rosato се изработени од сребро со чистота 925 и позлата од 9 каратно розе злато. Некои парчиња имаат додадено емајл (премаз) или се збогатени со циркони или полускапоцени камења (Rosato користи циркони НЕ кристали).
Најпродавана колекција е STORIE или приказна. Најважните моменти во животот треба да се запомнат и да се зачуваат за себе, а сите приврзоци од оваа колекција носат специфична порака; Сите приврзоци се изработени од чисто сребро (925), со позлата, емајл или додадени циркони; Сите приврзоци се со самостојно затварање.
Брендот Rebecca е основан во 2000 година во Фиренца од главниот дизајнер, Алесандро Тести. Основна дејност е производство и дистрибуција на високостилизиран накит и комплетна посветеност на иновациите – во однос на производите, услугите и процесите. Брендот името го добил по Ребека Тести, првото од трите деца на сопственикот, која во моментов работи како дизајнер и раководител на одделот за маркетинг на компанијата.
Главната производствена технологија е Cad/Сam, воведена за првпат во индустријата за накит во Италија од страна на Алесандро Тести. Тој комбинирал ласерски техники, дијамантско сечење, како и јувелирски процеси за патинирање и премачкување. Сите овие техники се користени во индустријата за производство на скапоцен накит, со единствена разлика што Александро Тести употребувал ценовно поевтини материјали за да добие достапно парче врвно изработен накит. Сите процеси се комплетно изведени во Италија (100% Made in Italy).
Накитот го имаат носено планетарно познати јавни личности како: Бијонсе, Ријана, Линзи Лохан, Ева Мендез, Пинк, Бар Рафаели и многу други. Покрај сопствените линии, Industrie Testi S.p.A. е признаен партнер на многу светски познати мултинационални компании како: Fendi, Gucci, Balenciaga, Yves Saint Laurent, Burberry, Louis Vuitton и други. Првата монобренд (ексклузивна flagship) продавница во Македонија е отворена во 2018 година.
Вики Клинчарова