Македонска компанија шпионирала преку Фејсбук

by fokus

Фејсбук објави дека седум компании меѓу кои и една од Македонија, ја искористиле нејзината платформа за преку мобилни телефони и разни техники да собираат податоци на корисници главно од Египет, Ерменија, Средниот Исток.

Според компанијата, речиси 50.000 корисници биле мета на обиди за хакерство од компании за надзор кои работат за владини агенции или приватни клиенти, а компаниите се лоцирани и во Кина, Израел и Индија.

Компанијата „Сајтрокс“ била регистрирана во Израел, седиштето и е во Скопје, а развивала малициозен софтвер за iPhone и Android. Сопственик на компанијата Сајтрокс во Северна Македонија е Иво Малинковски.

Фејсбук соопшти дека презема дејствија против седум компании со седиште во четири земји, отстранувајќи околу 1.500 лажни сметки, блокирајќи злонамерни веб-адреси и испраќајќи писма за блокирање до компаниите.

Поврзани новости