Македонската компанија „Сајтрокс“ се најде на црната листа на САД поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа. Ова денеска го соопшти Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави.
Одлуката доаѓа по скандалите кои повеќе од една година ја брануваат Европа и светот откако се обзнани дека компаниите произведувале и дистрибуирале софтвер во земји каде што софтверот се користел за следење на невини граѓани. Улогата на македонската компанија во овој скандал за прв пат беше обелоденета во истражување на ИРЛ и Инсајт Стори.
Освен македонската Сајтрокс, дел од црната листа се и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, „Интелекса“ од Грција и „Интелекса Лимитетед“ од Ирска. Одделот при Министерството за трговија ги додало овие фирми на црна листа поради злоупотребата на малициозниот софтвер „Предатор“ и загрозувањето на приватноста и безбедноста на граѓаните ширум светот.