На популарната интернет страница за возрасни Onlyfans, каде девојки објавуваат свои разголени фотографии, за кои потоа корисниците треба да платат доколку сакаат да ги гледаат, од неодамна членуваат и девојки од Македонија.
Тие имаат свои профили, со цело име и презиме, каде објавуваат провокативни фотографии, а претплатата за да се гледаат фотографиите еден месец изнесува четири долари. За три-месечен пристап до фотографиите на некоја девојка се плаќа околу 48 долари, за шест месеци изнесува околу 72 долари, а пак за цела година сумата е околу 120 долари.
Станува збор за страница која е формирана во 2006 година и на која свои фотографии продаваат над 1,5 милиони девојки од светот. Девојките во портфолиото на страницата се именуваат како креатори, додека пак бројот на корисници на услугите изнесува над 150 милиони.
Според информации објавени на официјалната страница, годишната заработка на креаторите заедно изнесувала над пет милијарди долари.
Лесниот начин на заработка и желбата да ги покажат своите атрибути преку онлајн платформата се покажал како доста привлечен за девојки од целиот свет, но и од нашата земја, според кои станува збор за солидна заработка.
Вики Клинчарова