418
Македонска државјанка е приведена во Турција под обвинеие дека прелажала 40 Кубанки и од нив направила проститутки.
Како што пишуваат турските медиуми, таа преку својата агенција за посредување на интернет ангажирала 40 девојки од Куба, на кои им ветила танчерски кариери за високи хонорари.
Откако пристигнале во Турција девојките биле затворени во хотел, им биле одземени пасошите и два месеца биле принудувани на проституција.
Македонката била задолжена и за превозот на девојките. Автомобил секоја вечер ги земал од пред хотелот и ги носел кај претходно договорени клиени, ги чекал и повторно ги враќал назад.
Амбасадата ги вратила девојките во Куба, а Македонката завршила во притвор.