Македонијо засрами се, само три лица дојдоа на протест за правда на Вања“, реагираат организаторите

by Fokus

Македонијо засрами се, само три лица дојдоа на протест за правда на Вања“

Вака демонстранката Нермина Кочан им порача на граѓаните откако само три лица се појавија на протестот за правда на Вања.

Иако јавноста беше згрозена од убиството на 14-годишното дете, се повикуваше смртна казна како и масовен протест, сепак кога дојде денот сликата е сосема различна.

„Моментално е 10 часот и 10 минути, не знам во колку часот на која телевизија ќе го има ова. На протестот кој што беше како јавен повик даден за воведување на смртна казна, за одразување на почит кон семејството, мајката на малата Вања затоа што очигледно немала семејство имала најверојатно само еден родител, моментално сме тројца луѓе, Македонијо засрами се, Скопје засрами се. Не е во ред да нема никој сега кога треба на некого да му се даде поддршка“, вели Нермина Кочан.

4News

 

Поврзани новости