Денес од пладневните часови, особено во западниот дел и на крајниот исток ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.
Поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендот и на почетокот на следната работна недела во попладневните часови претежно во јужните делови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје и регионот, денес и во деновите од викендот во попладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи и услови во делови од котлината да има појава на кртаткотрајно невреме.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.