553
Вчера во Ница, Франција, се одржа манифестацијата Детска Евровизија, на која Македонија заврши на 12-то место од вкупно 16 земји учеснички.
Наша претставничка беше Тамара Грујеска со песната ,,Кажи ми, кажи кој” за која текстот го напишаа Роберт Билбилов и Коста Петров, а пак за музиката се погрижија Билбилов и Дарко Димитров.
Победник на настанот беше Франција со малата Зое Клаузур со песната ,,Coeur”, и ова е трета победа на Франција на јуниорската Евровизија.
Второто место го освои Шпанија, а третото Ерменија.
Покрај учеството на Детска Евровизија, земјава ќе учествува и на Евросонг 2024, по една година пауза. Паузата се случи поради економската криза и големите трошоци кои ги повлекува настанот.
Вики Клинчарова