Министерството за дигитална трансформација во моментов не размислува за воведување на ограничувања или целосна забрана за употреба на платформата ТикТок во Македонија, по примерот на Албанија. Но, доколку мерките за намалување на штетните влијанија не дадат резултати, ќе се разгледа можноста за целосна забрана на ТикТок.
„Доколку мерките за намалување на штетните влијанија не дадат резултати, ќе се разгледа можноста за целосна забрана на ТикТок, но тоа би бил последниот чекор што Владата би го презела,“ изјави министерот за дигитална трансформација, Андоновски.
За Тикток предизвиците кои завршуваат и фатално по животите кај тинејџерите во Македонија, министерството за дигитална трансформација изработи упатство до сите наставници и во основните и во средните училишта за како да се справат, и да им укажат на учениците како правилно да ги користат се попопуларните апликации, но и како да ги избегнат ризиците.
Упатсвото ќе биде достапно и за родителите на веб страната на министерството, со совети како да се ограничи пристапот до некои апликации коишто сметаат дека се штетни за нивните деца. Послениот чекор кои не се исклучува е и целосна забрана за Тикток во Македонија.