424
Kошаркарските сениори загубија од Израел (86:65) на првиот настап на претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри, во меч кој се игра во Талин, Естонија.
Пулените на селекторот Александар Јончевски имаа пет поени негатива по првиот период, па Израелците ја зголемија предноста и на полувреме заминаа со +9 разлика.
Противникот го засили темпото во третиот период и тука го најави победникот, потврдувајќи го убедливиот триумф до крајот, за конечни 86:65.
Шорц со 22 и Магдевски со 11 поени беа најефикасни во македонскиот состав, додека кај противникот, Соркин реализираше 21 поен.
Македонија утре го продолжува настапот на овој турнир, а противник од 18 часот ќе биде домашната селекција на Естонија, која денеска загуби од Чешка, 77:74.