Преку видеоконференција денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој полноправно ќе учествува и Македонија.
Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, најавувајќи го министерски совет, рече дека за прв пат состанокот ќе се одржи преку безбедна видео врска меѓу триесетте земји сојузнички на НАТО.
-Ќе и посакаме добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка, дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред”, рече Столтенберг.
Алијансата денеска во најголем дел ќе се фокусира врз координирање на помошта во борбата против пандемијата со коронавирусот.
-Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благодариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател, изјави Столтенберг.