Граѓаните да се заштитат од директно изложување на Сонце, да избегнуваат излегување надвор од 11 до 17 часот, да носат лесна облека, заштитни очила и капа. Треба да се конзумира само лесна храна и пијалоци, да се внимава на подготвувањето и конзумирањето на храната, да се избегнуваат термички подготвени производи, како на пример мајонез од домашни јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови. Потребно е да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода и да избегнуваат алохолни пијалоци.
Ова го препорачува Институтот за јавно здравје за заштита од високите температури карактеристични за жолтата фаза.
Се препорачува за време на овие многу топли денови да се остане во затворени простории главно климатизирани, а кога е потребно да се биде надвор за овој временски период, да најдат можност за почести одмори под сенка.
Најзасегнати пациенти од зголемувањето на температурите се: болните со хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, опструктивна хронична пнеумопатија, дијабетес, тиреотоксикоза, инсуфициенција на бубрезите, ментални и нервни болести, како паркинсонова, алцхајмерова болест, шизофренија, деменција итн.
Можни се гастро-интестиналните инфекции и интоксикациите со храна. Инфекциите од храната, се предизвикуваат од салмонела, шигела итн, како на ниската лична хигиена, од јадење на неподготвен зеленчук, неподготвена или неправилно конзервирана храна како: месо, јајца, салами, морски плодови, млеко, салати итн.
Интоксикациите поради храната доаѓаат од прехранбените производи со токсична содржина на стафилококус, паразити итн. Интоксикациите се случуваат од употребата на храна со поминат рок, храна што е неправилно приготвена, или неправилно стоплена итн.
Топлото време го зголеми и бројот на здравствените прегледи во здравствените установи во земјава, информира Институтот за јавно здравје.