Македонија во шок: Почина хрватскиот ракометар Тот

by Fokus

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ. Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство.

-Ноќта помеѓу 6 и 7 април на Ургентниот центар примен е 27 годишен пациент без срцева акција. На пациентот не се забележани видливи траги од насилство при приемот. После целоноќна борба и реанимации, кај пациентот е вратена срцевата акција и истиот е хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување каде продолжува да е во критична состојба, изјави Маја Мојсова директорка на КАРИЛ.

Како што рече, кај пациентот не се пронајдени активни супстанци при крвни анализи, и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.

Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

Поврзани новости