Габриел Ескобар претставник на Стејт департменот за западен Балкан изјави дека корупцијата е најголем проблем за регионот и корумпираните терба да се тргнат од одговорни позиции.
Според Ескобар, корупцијата е закана за демократијата во регионот и мора да се направи притисок врз лидерите да ги направат потребните реформи за владеење на правото потребни за влез во ЕУ. На настан посветен на евроатланската иднина на регионот на Атланскиот совет во Вашинтон тој потврди дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица.
„Штом луѓето го знаат тоа, лидерите треба да преземат акција да ги отстранат овие луѓе од одговорни позиции. Треба да ги тргнат тие луѓе од партиските списоци. И ова важи за сите држави во регионот“, „Корупцијата е најголем проблем за регионот. Многу е јасно дека сите партии кои се најнационалистички партии во регионот се и најкорумпирани. И тоа е факт. И тоа не го кажува американската влада. Тоа се независните организации како `Транспаренси интернешнл` и некои од нашите европски граѓански организации“, изјави Ескобар.
Во однос на Македонија, Ескобар оцени дека земјава ги направила неопходните реформи за да ја отвори првата врата кон ЕУ, и верува дека владата ќе има капацитет да го направи потребното за да бде полноправна членка, притоа нагласува и дека процесот на пристапување треба да биде побрз.