Македонија утре во портокалова фаза, од недела поројни дождови и пад на температурите

by irena 18:20
18:20

Целата територија на Македонија утре ќе биде во портокалова алертна фаза поради високите температури, а најтопло ќе биде во текот на петок и сабота.

Во следните два дена времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. На места дневната температура се очекува да надмине 40 степени.

Но, од недела следува значителна промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места се очекуваат и поинтензивни временски појави, со услови за невреме, силен ветер и појава на град. Паралелно со нестабилноста, температурите постепено ќе се намалуваат.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

 

Слични вести