77
Македонските ракометни репрезентативци убедливо загубија на гостувањето кај селекцијата на Фарски Острови со 34-27 (18-14), во рамките на првиот дуел од бараж двомечот за пласман на Светското првенство.
Пулените на Кире Лазаров доста грешеа и немаа решение за играта на противникот. Македонија ќе има тешка задача да се избори за одржување на континуитетот на големите собири, бидејќи се враќа во Скопје со седум гола негатива.
Најдобар наш поединец беше Филип Кузмановски со осум гола, по пет постигнаа Марко Митев и Никола Костески, а Лазаревски постигна четири.
Скипаготи кај домаќините даде десет погодоци.