761
Компанијата за туристички водичи „Лонли планет“ (Lonely planet) ја вброи Северна Македонија на третото место меѓу десет дестинации кои треба да се посетат во 2020 година.
Во препораката за нашата земја наведува дека таа е веќе позната по гастрономијата, античката традиција, култура и природа, а нова причина да се посети идната година се и дополнителните летови до Охридско Езеро заштитено УНЕСКО, како и патеката „High Scardus Trail“ од 495 километри покрај најдраматичните врвови во регионот.
Во топ 10 туристички дестинации на листата на „Лонли планет“ за 2020 година, на прво и второ место се Бутан и Англија, а по нашата земја, од 4 до 10 место се препорачани: Аруба, Свазиленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.