Македонија со три вистински златни медали надвор од Олимпијадата во РИО!

by lali

Македонија ја фрли во сенка Олимпијата во РИО. Нашата држава ја искористи светската фокусираност кон настаните во РИО, и во таа прилика неуморно и посветено работеше на терен надвор од Олимпијадата. Додека државите во светот трчаа, рипаа, шутираа, пустеа, правеа за едно ланче со златна, сребрена или бронзена округла плоча што не можеш ни да ја продадеш или уновчиш после тоа, Македонија заслужено освои три златни вистински и вредни медали надвор од олимписките води.

ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ:

  • Прво место за најдобра економија во свет
  • Прво место по отварање на нови работни места
  • Прво место за странски инвестиции

Аналитичарите овој потег нa македонските власти го оценуваат како умешност и снаодливост во ситуации кога очите на светската јавност е вперена во спортот, нашата државата да го искористи за јурење и престиж низ глобалните економските патеки каде што достигнувањата се мерливи и остануваат гордост за народот, пред се благодарение на Владата.

Иако Македонија не освои ниеден медал на Олимпијадата во РИО, тоа не беше пречка државата да продолжи да се ќити со медали што навистина нешто значат за подигање на националниот дух. Додека државите во регионот како што се Косово, Србија, Грција и Бугарија освоија медали на Олимпијадата во РИО, Македонија својот настап во РИО го го стави во втор план за неуморно да граби од достижните награди што значат живот, просперитет и иднина за самата држава и народот што живее во неа.

Да живее Македонија, економијата во Македонија и Владата на Македонија.

…А, Рио? Рио и онака беше далеку ако тргневме пешки!

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости