Македонија ја победи Малта, се врати во трката за Европското првенство

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Малта со 2-0, за втора победа во квалификациите за европското првенство. Со тоа репрезентацијата на Македонија се врати во трката за место на Еуро 2024, иако патот до нов континентален шампионат ќе биде тежок во следните два месеци, кога се играат последните три меча.

Првиот гол го даде  Елиф Елмас после само пет минути игра , а вториот гол Јован Манев на четири минути пред полувремето.

После ремито со европскиот првак Италија, македонската репрезентација треба да победи на медитеранскиот остров и да го врати комплетно победничкиот дух и атмосферата по јунското фијаско.

 

Поврзани новости