Македонија е последна на листата по здравствени услуги во Европа, а Франција има најдобра здравствена заштита, според истражувањето на независниот центар Numbeo.
Франција е на врвот на листата со индекс од 82,58, додека Македонија е последна со индексни поени 35.12 и со тоа има најлоши здравствени услуги во Европа. Велика Британија има индекс од 73,88, што ја прави 12-рангирана од земјите на листата со најдобри здравствени услуги. Британското здравство е пред шпанското, швајцарското и финското задравство, но заостанува зад Турција и Кипар.
Компанијата, основана пред пет години, периодично ги сумира овие резултати кои се добиваат врз основа на здравствените услуги и анализа на податоците, како што се вештините и знаењата на персоналот, брзината, опремата, и цената.
Локалните податоци се комбинираат во уникатен индекс на здравството, со кој се добива една единствена мерка за состојбата на здравствениот систем на секоја земја.