Македонија ќе добие 4 милијарди евра за да се ослободи од користењето јаглен за производство на струја и да инвестира во обновливи извори.
Планот, кој ќе биде објавен крајот на ноември на Климатскиот самит во Дубаи, предвидува затворање на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј и нивна замена со обновлива енергија.
Чистите капацитети планирано е да произведувааат 1,7 гигавати струја. Проектот наречен Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција, ќе го поддржат меѓународните кредитори, меѓу кои ЕВРД и Светска банка , потврди претседателката на ЕВРД за агенцијата Ројтерс.
-Јагленот претставува 40% од изворот на енергија во Македонија, што е многу. Ова е еден пример за тоа што би сакале да го прикажеме на ЦОП, да го претставиме овој пристап и што може да даде, како и посветеноста на земјата – изјави претседателката на ЕБРД, Одил Рено-Басо.
Во 2018 та година, Обединетите Нации го прогласија Скопје за најзагаден град во Европа. Земјава работеше на замена на јагленот со чиста енергија, но поради енергетската криза и високата цена на струјата од увоз, во 2021 та , повторно се отвори старата централа Осломеј.
Заедно со РЕК Битола обезбедуваат 79 % од вкупното дневно производство на електрична енергија. Изградени се пред точно 43 години. Застарената опрена и дотраени капацитети прават чести испади од системот.