Македонската фудбалска репрезентација со 3-0 ја победи Летонија нагости во Рига и со новите три нови бода во групата во Лигата на нации се зацврсти на првото место.
Головите за „рисовите“ ги постигнаа Јани Атанасов во првото полувреме, а Лирим Ќамили и Елиф Елмас во вториот дел.
Во 35. минута по убава акција, Елмас додаде до Миовски, а тој асистираше до Атанасов, за водство на Македонија од 1-0.
Летонија во вториот дел се закануваше по македонскиот гол, но не успеа да изедначи.
Казната ги стигна во 70. минута. Димитриевски асистираше до Ќамили, а тој реализираше за предност до 2-0.
Во судиското продолжение од натпреварот, најубавиот погодок.
Една топка дојде до Елиф Елмас кој со силен шут од 15-тина метри ја смести во мрежата на домаќините за победа од 3-0.
Следниот натпревар на Македонија е во недела, од 18 часот нагости кај Ерменија во Ереван.