Македонија славеше победа над Швајцарија

by Fokus

Македонската ракометна репрезентација ја победи Швајцарија со 29-27 и заврши како третпласирана во својата група А.

На оваа средба останавме без капитенот Никола Митревски, кој се повреди, на негово место застана Мартин Томовски, кој беше одличен на голот. Ова е прва победа на ЕП 2024, откако нашите ракометари заслужено ја совладаа селекцијата на Швајцарија, која пак пред два дена ремизираше со Франција. Избраниците на Кире Лазаров одиграа цврсто во одбраната и многу подобро во нападот.

Вечерашната победа значи пласман на третата позиција во групата и носи едно од местата кои носат во првиот барабан за баражот за СП 2025.

Од самиот почеток беше очигледно дека играта ни е на далеку повисоко ниво од првите две средби на овој шампионат, Талески и Костески ги реализираа првите два напади и најавија подобро издание на „црвено-жолтите“ на овој дуел во „Мерцедес Бенц Арена“. Се играше израмнето се до предноста на Швајцарија од 4-5, кога Македонија заигра фантастично како во нападот, така и во одбраната, успевајќи да постигне шест гола во серија и да поведе со 10-5. Во овој период на голот блескаше Томовски, противникот се реши и за „седум на шест“, но откако три пати успеавме да се одбраниме и еднаш постигнавме гол во празна мрежа (преку Костески по украдена топка на Велковски) ги натеравме Швајцарците да се откажат од оваа тактика во нападот.

Поврзани новости