Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ги почитувала четирите нови одлуки на Советот на ЕУ за рестриктивни мерки поради дестабилизација на ситуацијата во Украина или нарушување на нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и независност.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека Советот на ЕУ на 21 јули донел три одлуки, а на 25 јули една одлука за воведување или продолжување на рестриктивните мерки и проширување на списокот на лица и субјекти кои се под санкции поради Украина.
Како што се наведува во соопштението, одлуките на Советот на ЕУ 2022/1271, 2022/1272, 2022/1276 и 2022/1313 ги усогласиле земјите-кандидати за членство во ЕУ, како што се Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Украина и Босна и Херцеговина како потенцијален кандидат.
Се усогласуваат и земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и членките на Европската економска област.
Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуките на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност и ја поздравува, додал Борел во соопштението.