618
Со убедливата победа над Чешка со резултат 33 наспроти 20, Македонија се пласираше на европското ракометно првенство, што треба да се оддржи наредната година во Хрватска.
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров партијата ја заврши со 11 голови, Дејан Манасков реализираше шута кон противничкиот гол, додека на високо ниво беше голманот Борко Ристовски со 14 одбранети удари.
Со оваа победа, Македонија изби на првото место со квалификациската групат со седум бода, а противниците за Европското првенство ќе бидат познати по ждрепката на 23 јуни.