428
Министерот за здравство, Беким Сали претпладнево информираше дека денеска на седницата на Комисијата за заразни болести, меѓу другото ќе се разговара и за мајмунските сипаници.
-Засега немаме регистриран таков случај. Институтот за јавно здравје располага со тестови за препознавање на таквиот вирус. Не ја знам точната бројка, но сосема доволни за евентуална појава на сипаници. Во однос на вакцините, според националниот координатор за имунизација во моментов располагаме со вакцини за мајмунски сипаници, доколку се појави случај, истакна Сали на отворањето на реновираниот Ургентен центар.
Светската здравствена организација неодамна ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.