Денеска во Германија почнува Европското ракометно првенство во машка сениорска конкуренција.
Во 18 часот нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров во „Меркур Шпил-Арена“ во Диселдорф ќе играат против селекцијата на Франција, како еден од фаворитите во групата, но и за освојување на медал.
Подоцна, од 20.30 часот Германија ќе игра против Швајцарија.
Како што е веќе најавено и од Европската ракометна федерација (ЕХФ), на првите два натпревари ќе биде поставен светски рекорд на фудбалскиот стадион во Диселдорф по број на посетеност пред повеќе од 53.000 илјади гледачи.
Turning a football stadium into the biggest handball stage in 15 seconds 🤩🔥#heretoplay #ehfeuro2024 pic.twitter.com/jZETEHBmvi
— EHF EURO (@EHFEURO) January 9, 2024
Македонија по осми пат учествува на европските првенства, најдобриот пласман го имаше на ЕП 2012 кога го освои петтото место. А Франција пак беше европски првак во 2006, 2010 и 2014 година.