945
Македонската фудбалска репрезентација ги доби своите ривали за новото издание на Лигата на нации. Ждрепката во Нион беше мошне поволна за нашиот тим, бидејќи ги избегнавме можеби најсилните репрезентации во оваа конкуренција Турција и Словачка, а ја добивме Бугарија.
Останати противници се Грузија и Гибралтар, а натпреварите почнуваат во јуни 2022 година кога ќе се играат четири кола, а последните две рунди ќе се одиграат во септември 2022 година. Завршниот турнир е закажан за јуни 2023 година.