4
Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија со 26-32 (16-15) во рамки на квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2026 година.
Иако одигравме добро прво полувреме и заминавме со водство, играта на ракометарите на Кирил Лазаров во вториот дел доживеа голем пад, па на крајот забележавме и убедлив пораз на домашен терен.
Кузмановски со 10 и Митев со 5 голови беа најефикасни во македонската репрезентација, додека Влах со 10 погодоци беше најдобар реализатор во победничкиот состав.
Словенците остануваат на првото место во квалификациската група, а нашата репрезентација има една победа и два порази во пресрет на гостувањето кај истиот противник во недела од 18:30 часот во Копер.