Македонија поразена од Холандија во вториот натпревар од СП во ракомет

by Фокус

Македонската ракометна репрезентација загуби од Холандија со 37-32 во рамки на 2 коло од групата Д на Светското првенство во Вараждин.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се бореа во текот на целите 60 минути против фаворитот, но не можеа против брзите „лалиња“, но и неколкуте сомнителни одлуки на данските судии.

Македонија играше одличен натпревар во првите 20 минути. Имавме постојано водство се до 12-13. Потоа имавме голем пад кога седум минути не постигнавме гол, а Холандија го искористи тоа за да поведе со 17-13. На полувремето имавме негатива од 18-15.

Во вториот дел постојано го бркавме ривалот, но не успеавме да смалиме повеќе од -2. Иако во последните минути од дуелот беше 34-32, повторно влеговме во серија грешки, па ривалот го заврши натпреварот со серија од 3-0 за незаслужено убедлива победа од 37-32.

Поврзани новости