775
Од вкупно 16 земји учеснички на Детска Евровизија, Македонија заврши на 14-то место. На 20-то издание на настанот, кој се одржа во Ерменија, победата ја однесе Франција.
Наши претставници годинава беа Лара, ќерката на пијанистот Симон Трпчевски и Ирина и Јован, с песната ,,Животот е пред мене”.
Автор на песната е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчевски и Лара Трпческа.
Иако македонската јавност според коментарите на социјалните мрежи очекуваше висок пласман, сепак завршивме помеѓу последните, односно зад нас се само Казахстан и Малта.
Во Ерменија, заедно со нашите претставници и делегацијата беше и Трпчевски, кој објави неколку видеа од тамошната атмосфера во деновите ред одржувањето на манифестацијата.
В.К.