Македонија подготвена за бегалци од Украина

by fokus

На предлог на Министерството за надворешни работи, Владата денеска на седница ја усвоила Информацијата за состојбата со граѓаните на Северна Македонија во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.

-Согласно одлуката на Владата, највисоки ресорни институции се задолжуваат во најскоро време да достават информација за расположливите државни сместувачки капацитети со цел подготвеност за евентуална бегалска криза, појасни на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Дополнително, додаде тој, на украинските државјани кои се затекнати во земјава и заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава.

-За тие кои ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез што подразбира да немаат обврска за поседување негативен ПЦР тест, од хуманитарни причини, рече Арсовски.

Поврзани новости