631
ЦУК ќе биде на располагање на сите органи во државава во периодот што следува, со оглед на тоа дека има врнежи од снег на повеќе места во земјава.
Ова го истакна денеска првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција.
„Наша обврска е да бидеме подготвени, без разлика на прогнозите, затоа што снег се очекува. Чистењето на снегот во градовите е во надлежност на локалната самоуправа. Се што е надвор, е надлеженост на „Македонија Пат“. Бројот на возила кои ги поседува не е доволен, Тоа е со децении наназад и тие се застарени. Често се случува да останат дефект додека интервенираат. Ние ќе помогнеме на сите граѓани на кои тоа е неопходно, а на располагање се и хеликоптерите“, истакна Ангелов.