Македонија, односно нашата евровизиска претставничка Андреа, падна на последно место на обложувалниците.
Ако до пред неколку дена бевме на претпоследното, 39-то место, веќе неколку дена се наоѓаме на 40-то, последно, а котирањето може да се следи на официјалната страница на Eurovision world.
Веќе подолг период на првото место се наоѓа Украина со Калуш Оркестар и песната Стефанија, а зад неа се Италија, Шведска, Британија, Грција…
Евровизија 2022 ќе се одржи од 10-ти до 14-ти мај во Торино, Италија, а Македонија настапува во втората полуфинална вечер, на 12-ти мај.
Годинава, по седум години, организаторот на организаторот на Националниот избор, МРТ го врати натпреварувачкиот карактер на изборот за претставничка песна со што формираше онлајн платформа преку која публиката можеше да гласа на лесен и бесплатен начин.
По гласањето од публиката беше најавено гласањето на жирито и беше нагласено дека изборот на победник ќе се одреди според бројот на двете гласачки тела, во однос 50:50. Во жири комисијата се најдоа претставници од Малта, Израел, Грузија, Исланд и Ерменија.
Жири-комисијата најмногу гласови и даде на Андреа која со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на главниот настап на Евровизија.
Вики Клинчарова