572
Македонија останува во групата на делумно слободни земји и за 2017 година, оценува најновиот извештај на американската организација Фридом Хаус.
Во продолжение на извештајот се вели дека Македонија се движи кон пресвртници во демократските правци, кои заслужуваат внимание во текот на 2018 година.
-Демократски избраната, етнички инклузивната влада се залага за искоренување на корупцијата и другите системски злоупотреби кои се влошуваа под нивните претходници зафатени во скандали, а дури може да го разреши долгогодишниот „спор околу името“ со Грција кој стои на патот на државата кон членство во Европската Унија, стои во извештајот.