444
Денеска во Клубот на пратеници премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на Денови на НАТО во Северна Македонија, во организација на Министерството за надворешни работи, а со учество на дипломатскиот кор во земјата.
Настанот се одржува на тригодишнината од членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата, што е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.
Денеска во касарната „Илинден” во Скопје со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи централна свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата.