Македонија за прв пат во историјата ќе биде домаќин на Европско ракометно сениорско првенство во женска конкуренција, а и воопшто Европско првенство во било кој спорт.
Европското почнува на четврти ноември, а покрај Скопје, домаќини ќе бидат Љубљана, Цеље и Подгорица.
По тој повод, денеска претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов одржа прес конференција.
-Идејата е да бидеме сите тука заедно и да покажеме дека водиме грижа едни за други. Сите заедно го работиме тоа во континуетет да креираме колку можеме подобар ракомет за Македонија. На престојното Европско првенство очекуваме поддршка од нашиот народ за нашите девојчиња која навистина ја заслужуваат. Мораме заедно да продолжиме да работиме и да покажеме дека можеме да додадеме додатна вредност за мак-ракометот. Мора да покажеме дека во Скопје, Македонија може да направиме нешто што ќе биде светски. Да покажеме сите заедно зошто е спортот број еден во Македонија, порача Мукаетов.