Македонија нуди рок за внесување на Бугарите во Уставот до членство во ЕУ

by fokus

Македонија и понудила на Бугарија рокот за внесување на Бугарите во македонскиот Устав да биде се додека траат преговорите за членство на нашата држава во ЕУ, односно се до самиот влез на Македонија во Унијата.

Ова го откри министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Бугарија пак, бара внесувањето на Бугарите во Уставот да биде пред воопшто да се отворат преговорите на Македонија за влез во ЕУ.

Османи вели дека поради комплексноста на процесот за отворање на Уставот, тие сметаат дека рокот се додека траат преговорите за членство е реален, и во тој период ќе може да се обезбеди двотретинско мнозинство за ова прашање во македонскиот Парламент.

Поврзани новости