Македонија нема напредок во ниту една од клучните области, се наведува во Извештајот на ЕК

by Fokus

Најновиот извешта на ЕК за напредокот на Македонија покажува дека изминатата година не бил постигнат никаков напредок во ниту една од клучните области во првиот кластер од преговорите. Се работи за судството и борбата против корупција, реформата на јавната администрација и демократски институции.

ЕК денеска објавува три документи: Стратегија за проширување, планот за економски раст и принципите за распределба на финансиската поддршка.

Во извештајот пишува дека има делумен напредок само во делот на економските критериуми. Нема напредок во судството, а ЕК изразува загриженост за измените на Кривичниот законик, се нотира и злоупотребата на европското знаменце.

Како критика беше наведено доцнењето на реформите на јавната администрација и неисполнетите обврски од лани. Критикувана беше и работата на парламентот, неусвоениот деловник и измените на изборниот законик.

Владата беше пофалена за посветеноста на процесот на интеграциите и усогласеноста со надворешната политика со ЕУ. Од друга страна пак опозицијата беше критикувана за опструкциите во парламентот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека е дадена препорака за отворање на пристапните преговори со Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина.

Фон дер Лајен изјави дека Грузија добила кандидатски статус.

Поврзани новости