Македонија нема да учествува на Евровизија 2024, а одлуката е во најдобар интерес на граѓаните, кажаа од МРТ

by Fokus

Македонија нема да биде дел од Евровизија 2024 година, односно две години по ред нема да испратиме свој претставник на популарната музичка манифестација.

Причината, како и минатата година, била од економска природа, но и поради тоа што наредната година јавниот сервис требало да се фокусира на одбележување на 80-годишен јубилеј од постоењето на Македонското Радио, и 60 години јубилеј од постоењето на Македонската телевизија.

-Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска.

Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година.
МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале-соопштија од јавниот сервис.

Вики Клинчарова

Поврзани новости