Македонија нема да биде домаќин доколку се пласира во финалето од Лигата на нации

by fokus

Фудбалската репрезентација на Македонија нема да биде домаќин доколку се пласира во финалето од Лигата на нации.

Денеска во Нион се одржа ждрепката за натпреварите од Лигата на нациите, а „жолто-црвените“ ќе треба на гостински терен да го играат финалето доколку ја надминат косовската репрезентација.

Натпреварот со нашите соседи го играме на домашен терен на 26. март.

Нашата селекција се пласираше на првото место во групната фаза од Лигата на нациите минатата година во првата сезона од новоформираното натпреварување.

Ждрепка во Нион:

Лига Д:

Полуфинале

Македонија – Косово
Грузија – Белорусија

Финале

Грузија/Белорусија – Македонија/Косово

Поврзани новости