Во Торино, Италија, се одржа втората полуфинална евровизиска вечер, на која настапија Македонија, Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.
Андреа Коевска, која ја претставуваше земјава со песната „Кругови“ на Александар Масевски не се пласираше во финалето, кое ќе се одржи на 14-ти мај. Таа настапи 11-та по ред, а уште откако беше промовирана песната, речиси постојано се наоѓаше на последното место во обложувалниците.
Во финалето се пласираа Белгија, Чешка, Азаербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија. На првата полуфинална вечер која се одржа во вторникот, за влез во финале се изборија Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Вики Клинчарова