Македонија не е во целост имуна на влијанието од војната во Украина, вели Спасовски

by Fokus

Новонастанатите состојби во Украина, дополнително ги стимулираат и потребите за одржување на цврста меѓународна соработка со земјите од регионот, поради што Република Северна Македонија активно е вклучена и ги поддржува сите меѓународни иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат соработката и безбедноста во регионот, вклучувајќи ја и безбедноста на целиот Европски континент, порача министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски на почетокот на неговото обраќање за време на конференцијата на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, што се одржува во Атина, во рамките на грчкото претседателство, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот се осврна на влијанието и последиците од руската инвазија во Украина, потенцираше дека како и останатите држави така и Република Северна Македонија не е во целост имуна на влијанието на војната во Украина, „но во овој момент ефектите се главно индиректни и не може да се споредат со оние во некои земји членки на ЕУ како гранични држави“.

-Во моментов, состојбата ja следиме преку размена на оперативни и стратешки информации најчесто преку каналот на ЕВРОПОЛ. Како рефлексија на војната во Украина зголемени се ризиците во области за кои постои потреба од засилена соработка и тоа во борбата против трговија со луѓе, каде најранлива категорија се жените и децата; зголемено делување на разни радикални и екстремистички групи би можеле да ја радикализираат состојбата или да создаваат тензии преку повици на насилни протести и демонстрации, закани и напади врз одредени лица (домашни и странски државјани и претставници) или други етнички групи; перење на пари преку пренос на пари во готовина, отворање на нерезидентни сметки и криптовалути и закани од криминални групи со висок ризик, истакна министерот.

Поврзани новости