Во тек се последните подготовки за новото издание на Евровизија, што ќе почне утре, на 18 мај, односно кога ќе се одржи и првото полуфинале на ова европско музичко натпреварување.
Според сегашните податоци на обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нејзиниот претставник – групата „Манескин“ со песната „Ziti e buoni“. Оваа година, 39 земји учествуваат на Евросонгот. Првите три фаворити се Италија со 22 отсто, Франција со 20 и Малта со 12 отсто.
До неодамна, Малта беше најголем фаворит за победа, но состојбата се смени по првата проба, кога нивниот претставник доби лоши критики за костумите и перформансите.
На четвртото место е Исланд, а следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.